Пожарот на Јабланица четврти ден активен

1 min read

Сѐ уште е активен пожарот на планината „Јабланица“, во близина на струшкото село Вишни.

Жителите се загрижени дека пламените јазици ќе ги зафатат куќите, но од Територијалната противпожарна единица смируваат дека не постои опасност огнот да стигне до селото.

– Екипи на ТППЕ Струга и Шумското стопанство 24 часа се на терен и ја следат состојбата. Не треба да се прави паника меѓу населението, огнот е далеку и нема ризик за селото, изјави командирот на струшката пожарна Фети Мазари.

Пожарот на Јабланица, четврти ден е активен. Поради непристапноста на теренот од земја неможе да се пристапи со гасење.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Француските деца родени во 2010 се малтретирани на социјалните мрежи од повозрасните ученици

Следно

Познат распоредот на натпреварите во Првата женска кошаркарска лига

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian