Полициски час и забрана за музика во угостителските објекти воведени во четири региони во северна Грција

1 min read

Во четири региони во северниот дел на Грција, односно во областа Пиерија во која спаѓаат Катерини, Паралија, Неи Пори, Платамона и сл, во областите Иматија, Пела и Кавала од денеска е воведен полициски час од еден часот по полноќ до 6 часот наутро и забрана за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретните региони, поради епидемиолошката состојба се префрлени во црвената зона, а истите мерки се продолжуваат во уште две области, Арголида на Пелопонез и Евританија во централна Грција.

Регионите Илија, Ахаија и Месинија на Пелопонез, островот Икарија и градот Ираклио на Крит, од црвената преминуваат во портокаловата зона и се укинуваат рестрикциите што важеа до вчера.

Мерките се во сила до следниот петок во 6 часот наутро.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Трстена: Дејан може да биде првиот олимписки шампион од Македонија во 21 век

Следно

Северина го осудува српскиот патријарх: Нека се помоли за спас на својата душа, ќе му треба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian