Наставниците бараат пократки часови во наставата со физичко присуство

1 min read

Наставничкиот пленум бара од Министерството за образование и наука скратување на времетраењето на часовите во наставата со физичко присуство од 45 на 30 минути бидејќи, како што наведува во соопштение, наставниците имаат  големи потешкотии да ја реализираат наставата  во затворен простор и почитување на сите протоколи утврдени од Комисијата за заразни болести.

Пленумот од МОН бара и во училишта во кои има повеќе од 15 ученици во паралелка да се премине на комбинирано учење односно физичко присуство и онлајн-настава.

– Итно да се реши проблемот со обезбедување на училиштава и општините кои се надлежни и задолжени за овој проблем тоа итно да го решат. Да се ослободат наставниците од секојдневните дежурства предвидени за период на учење со физичко присуство за време на пандемија, наведува Наставничкиот пленум во барањата пратени до МОН и министерката Мила Царовска.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Трагедија во Нов Зеланд: Мајка си ги убила трите ќерки

Следно

В недела ќе се одржи осмиот Велешки пливачки маратон

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian