Имаше причина зошто играчите на Гибралтар не го сакаа дресот на Халанд

1 min read

Пред 10 дена фудбалерите на Норвешка и Гибралтар одиграа квалификациски натпревар за пласман на Светското првенство. Висока победа (5:1) забележа Норвешка, а три гола на тој меч постигна Ерлинг Халанд.

Веднаш по завршувањето на дуелот настана „брканица“ меѓу играчите на Гибралтар по дресот на ѕвездата на Борусија Дортмунд, еден од најдобрите напаѓачи во светот, но на крајот не им се исполни желбата. Причината за ова е наводната ароганција на Халанд.

Двете репрезентации се сретнаа и во март кога Гибралтар беше домаќин и кога Норвешка славеше со 3:0. Капитенот на Гибралтар, Рој Чиполина, по натпреварот му пријде на Халанд и го побара дресот за неговиот син.

Наместо дрес, тој доби реакција која не ја очекуваше и затоа пред 10 дена фудбалерите на Гибралтар само поминуваа покрај фудбалската ѕвезда.

– Го игнориравме. Во март, нашиот капитен Рој Чиполина му го побара дресот. Тој праша: „Мојот мал син е твојот голем фан, може ли размена на дресови?“. Реакцијата беше изненадувачка. Халанд само погледна, се смееше и си замина. Може да купи многу работи, но не класа, таа не може да купи. Имаше шанса да му пружи големо задоволство на малото дете, но тој рече не. Од таа причина никој од нас не го сакаше неговиот дрес во Осло – откри репрезентативецот на Гибралтар, Рис Стих.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Движење „Аваја“: Ромите од Струмица под притисок да се попишат како Турци

Следно

Татко и син со денови седат пред училиште во Хрватска, детето се противи да носи маска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian