Гвардиола: Нема да се извинувам, не сакам да бидам како Реал, Јунајтед, Ливерпул

2 mins read

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола одби да се извини за неговите зборови по натпреварот со Лајпциг оваа недела. Шпанецот истакна дека на тимот му треба поголема поддршка од трибините и ги повика навивачите да го наполнат стадионот за следниот меч.

Кевин Паркер, генералниот секретар на официјалниот клуб на фанови на Манчестер сити, подоцна ја коментираше изјавата на Пеп советувајќи го да се држи до тренерските обврски.

Гвардиола смета дека нема за што да се извинува бидејќи неговите зборови не биле правилно разбрани.

– Нема да се извинам за тоа што го кажав. Ова не е првпат во кариерата да споделам вакво нешто. Го направив тоа и во Барселона и Баерн Минхен. Кога играме тежок натпревар, како оној со Лајпциг, и набргу потоа имаме уште три натпревари пред нас, знам колку е тешко. Она што го кажав беше дека ни треба поддршка, без разлика колку луѓе доаѓаат. Јас само ги поканив да дојдат и да уживаат во играта бидејќи ни треба поддршка. Целосно сум благодарен за поддршката што ја имавме на натпреварот против Лајпциг. Никогаш не сум прашал зошто луѓето не доаѓаат.

Знаеме кои сме и горди сме на тоа. Ја знаеме нашата историја. Не сакам да бидам како Јунајтед, Ливерпул, Баерн, Барселона и Реал. Луѓето ми ставаат зборови во уста. Немам проблеми со навивачите. Луѓето не го разбраа мојот коментар и сега морам да се извинам. Кога ќе направам грешка, се извинувам, но нема да се извинам за она што го кажав. Знам кои сме и ми се допаѓаат навивачите кои ги имаме – рече Гвардиола.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пендаровски: Со семејството ја исполнивме граѓанската должност, податоците од пописот ни се потребни за креирање политики

Следно

Пукотница во најпопуларниот трговски центар во Љубљана, најмалку тројца повредени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian