ЕВН со известување: Еве каде ќе нема струја утре и во понеделник

1 min read

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре, од 09:00 до 15:00 часот, ќе останат корисниците од селата: Рашче, Копаница и Бојане (Општина Сарај). 

Во понеделник стуја ќе немаат: 

-од 08:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Македонија (делот од Рекорд до ресторан Пелистер)

-од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од селата: Побожје и Кучевиште (Општина Чучер Сандево)

-од 12:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. Марко Орешковиќ непарни броеви од 59-71, ул. Димо Хаџи Димов непарни броеви од 177 – 181 и ул. Димо Хаџи Димов парни броеви 134 – 152 (Општина Кисела Вода)

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Тричковски: Вардар вака чист никогаш не бил

Следно

Талибанците не ја исклучуваат можноста за одржување избори во Авганистан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian