Епидемиолошката состојба во земјите од регионот е загрижувачка

3 mins read

Епидемиолошката состојба во земјите од регионот е на ниво од претходниот ден, иако според предвидувањата на експертите во четвртиот бран на пандемијата, се очекува натамошно зголемување на бројот на новозаразени, и причината за тоа , велат тие, е одложувањето на имунизацијата.


Директорот на Националниот институт за јавно здравје на Словенија, Милан Крек, изјави дека бројот на новозаразени во таа земја може да достигне 2.000 до крајот на септември, а според последниот дел, тој изнесува 1.143, од 6.543 тестирани примероци 

Пријавени се седум смртни случаи. 341 пациент се хоспитализирани, а 82 од нив се на интензивна нега.
Просечната возраст на пациентите во Универзитетскиот медицински центар во Љубљана е 64 години, додека најмладиот пациент е на 34 годишна возраст . Просечната возраст на пациентите на интензивна нега е 58 години, а најмладата е 27 години. Повеќето од хоспитализираните не биле вакцинирани.

Хрватска регистрираше 1.394 нови случаи на инфекција со коронавирус, со што бројот на активни инфекции се зголеми на 7.991. Меѓу нив, 651 пациенти се во болница, од кои 77 се на респиратор. Пријавени се девет смртни случаи, а 8.481 лице починало во Хрватска од почетокот на пандемијата.

Според најновиот пресек на епидемиолошката состојба во БиХ, регистрирани се 995 случаи на инфекција со коронавирус, од 3.409 тестирани примероци. Пријавени се 32 смртни случаи, два повеќе од претходниот ден.

Само во Федерацијата БиХ беа тестирани 2.284 примероци, од кои 578 беа позитивни за коронавирус. Петнаесет луѓе починаа додека уште 10 смртни случаи беа пријавени ретроактивно. Вкупниот број на смртни случаи во Федерацијата БиХ од почетокот на пандемијата е 5.808.

Република Српска тестираше 943 лабораториски примероци, од кои 379 лица беа позитивни на корона вирусот. Пријавени се 16 смртни случаи, што го зголеми бројот на смртни случаи на 4.043. 6.849 лица се под здравствена заштита.

Во Црна Гора, 10 смртни случаи беа пријавени 643 новозаразени лица. Вкупниот број на смртни случаи поврзани со вирусот корона од почетокот на пандемијата во Црна Гора е – 1.832. Вкупниот број регистрирани случаи на инфекција со новиот корона вирус во Црна Гора во моментов е 7.959.

Во последните 24 часа, во Црна Гора се регистрирани 643 нови случаи на коронавирус, а уште 10 лица починаа како резултат на инфекцијата, објави денеска Институтот за јавно здравје.

Вкупниот број на смртни случаи поврзани со инфекција „Ковид-19“ во Црна Гора од почетокот на пандемијата е 1,832.

Од март минатата година, вкупниот број на регистрирани случаи на инфекција со новиот корона вирус во Црна Гора е 125.128.

Во Србија според официјалните податоци, во последните 24 часа, уште 34 лица починале како резултат на коронавирусот со што вкупниот број на жртви се искачил на 7.698,
Од последниот пресек на ситуацијата во Србија, тестирани биле 26.127 луѓе , од кои 7.572 биле позитивни на Ковид .

Вкупно 4.054 лица се хоспитализирани, од кои 163 пациенти се на респиратори.

Од почетокот на епидемијата, 853.686 случаи на инфекција се официјално потврдени во Србија.
Стапката на смртност е 0,90 проценти соопшти српското министерство за здравство

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мино Рајола најавува нова „бомба“ на трансфер пазарот!?

Следно

Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian