Црвено светло на „Камп Ноу“: Барса во минус од 1,35 милијарда евра

1 min read

За сезоната 2020/21, Блауграна пријави загуба од 481 милион евра. Исто така, буџетот за новата сезона е намален. Од првичните 791 милиони, сега е 765 милиони.

Според последните информации, повеќекратниот европски шампион има вкупен долг од околу 1,35 милијарда евра.

Барселона, исто така, имаше значително помали примања минатата сезона. Главната причина е фактот што публиката не смееше да се врати на трибините во декември, натпреварите се играа на празни стадиони во текот на целата сезона порад пандемијата на коронавирусот.

На 6 октомври, претседателот на клубот, Жоан Лапорта ќе ги претстави резултатите од ревизијата, додека состанокот со акционерите е закажан за 16 и 17 октомври.

Со цел што е можно повеќе да се подобри ситуацијата, Барселона ги намали приходите на играчите, а не беа во можност да го продолжат договорот со Лионел Меси. Антоан Гризман, кој се врати во Атлетико Мадрид, исто така го напушти тимот на крајот од преодниот рок.

Куман со порака до Лапорта: „Поради мене Барселона има иднина“

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пристигнаа 51 480 вакцини „Фајзер“ донација од Бугарија

Следно

ВИДЕО | Можност да станете сопственик на имресивен замок и 4,5 хектари лозје : На продажба швајцарски дворец стар 800 години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian