Царовска вели дека ќе се преиспитува содржината на учебникот по Македонски јазик за четврто одделение

1 min read

Авторката на учебникот по Македонски јазик за четврто одделение и рецензентите ќе ги разгледаат забелешките околу неговата содржина и ќе донесат одлука дали тој ќе се промени, изјави министерката за образование и наука, Мила Царовска, во вечерашното гостување во „360 степени“ на телевизијата Алсат.

Во јавноста во изминатите денови се појавија реакции во врска со тој учебник и забелешки дека во некои четива несоодветно се третира семејството.

„Добив информација дека авторката и рецензентите заендички ќе ги преразгледаат забелешките согласно реакциите на јавноста, иако тие во прв наврат посочуваат дека тоа се реални ситуации од животот кај некои семејства и дека децата треба да имаат увид и во такви ситуации. Рецензентите, Бирото за развој на образованието и авторката заеднички ќе утврдат што од тој текст ќе остане или нема да остане,“

рече Царовска во дебатата, во која учествуваше и државната советничка во канцеларијата на Народниот правобранител, Васка Бајрамовска-Мустафа.

Таа додаде дека како Министерство ги следат сите забелешки и реакции во јавноста и постапуваат по нив.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

САД дозволи трета доза Фајзер за лицата постари од 65 години

Следно

ВИДЕО: Лидс никако да победи, само бод против Њукасл

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian