Во знак на протест поради „избрзaниот” договор меѓу САД и Австралија Париз откажа гала вечера во Вашингтон

2 mins read

Договор меѓу САД и Австралија за распоредување американски нуклеарни подморници, француски дипломати денеска во знак на протест откажаа гала вечера во Вашингтон во чест на важен американско-француски историски настан, јави Њујорк тајмс. 

Се забeлежува криза во односите меѓу двете земји откако францускиот врв изрази фрустрација поради постапката на Вашингтон да заобиколи претходно официјализиран договор меѓу Камбера и Париз во 2016 година за снабдување на Австралија со не толку софистицирани француски подморници. 

Франција го смета договорот и новиот курс на овие три држави сојузници  како нож во грб. Париз е пред се лут и изневерен од Австралија која првин имаше постигнат догворо а потоа го раскина договорт за продажба на француски  подморници 

Гала вечерата требаше да се одржи утре во француската амбасада во Вашингтон за чествување на „240-та годишнина од битката Чесапик”, во која во 1781 година Французите помогнаа во американската револуција за независност од крунатa. Француски висок морнарички офицер кој требаше да учествува на прославата се враќа во Париз предвремено, пишува весникот. 

Во интервју за „Франс радио”, францускиот мнистер за надворешни работи го опиша договорoт меѓу САД, Австралија и Велика Британија како „унилатералена, брутална, непредвидлива одлука”, како оние на Доналд Трамп. Коментарот следуваше по заедничка изјава на министерот и на неговата колешка Флоренс Парли, министерка за одбрана, дека „американскиот избор да исклучи европски сојузник и партнер како Франција”, e „одлука за жалење”, и „покажува недостаток на кохерентност”. 

Нивото на гневот на Французите наликува на жолчната поделеност меѓу Париз и Вашингтон во 2003 година околу војната во Ирак, а се користат досега неслушнати изрази, пишува весникот.  

Според аналитичарите, Вашингтон е незадоволен од амбивалентниот однос на Франција и ЕУ кон Кина и допуштањето на кинеското влијание во Европа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ГАЛЕРИЈА: Двор кој остава без здив: Слободанка Стојановска има златни раце и расцветана душа

Следно

Кирјас: Случајот со приведениот дипломат во Србија не е само дипломатски, туку и државен скандал

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian