Во Србија се анализира воведување задолжително служење воен рок

1 min read

Министерот за одбрана на Србија Небојша Стефановиќ денеска нагласи дека работат на повторно воведување задолжителната воена обврска во Србија. Тој рече дека не може да каже дека таква одлука ќе биде донесена оваа година, бидејќи „има многу аспекти на кои мора да се смета”.

-Работиме на сето тоа и тоа е вистинска потреба на армијата, потребни ни се повеќе војници. Нашиот Генералштаб даде свое мислење зошто мислат дека ни треба редовно служење воен рок рече Стефановиќ.

Тој додее дека намерата била да се почне сериозна дискусија за да не се донесе паушална одлука за задолжително служење воен рок. Според него, Министерството подготвува нормативни, законски решенија и подзаконски акти додека во исто време, се разговара со ГШ доколку се одлучи во таа насока, дали има доволно касарни, дали капацитетите се подготвени да сместат војници и дали има доволно луѓе за нивна обука.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Покетино е искрен: Не сме воиграни, мора да станеме тим

Следно

Доктор Илија Караманов, стоматолог: Повредите на забите се делат во две главни групи – со и без скршеница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian