ВИДЕО: Жена имаше блиска средба со алигатор во Флорида, се одбрани со весло

1 min read

Една жена од американската држава Флорида до крајот на животот ќе ја памети „блиската средба“ што ја имаше со алигатор, откако опасниот влекач се доближи и се обиде да одгризе дел од нејзиниот кајак.

Видеото, кое стана вирално на социјалните мрежи, покажува како алигаторот полека ѝ се приближува на Вики Бејкер, додека таа извикува „Што правиш? Бегај од мене!“

Бејкер вели дека некој сигурно го хранел огромниот алигатор, кој се појавил во дел од река која често ја посетуваат рекреативци со кајаци и други пловила, па лесно може да се случи трагедија.

Американскиот или Мисисипискиот алигатор може да порасне до два и пол метри во должина и да тежи до 90 килограми. Сепак, тие ретко напаѓаат луѓе, а од 1999 до 2019 година имало 16 смртни случаи предизвикани од напади на алигатори.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Партизан се радува во Кипар, пукна „петарда“ на Олимпико

Следно

ВИДЕО: Од 11 години сонуваше за грен слем трофеј – сега е девојка од милијарда долари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian