Започна првите натпревари од новоформираното УЕФА клупско натпреварување, Конференциската лига, во рамките од групата „Г“ Тотенхем само ремизираше 2:2 на гостувањето кај Рен.
Премиерлигашот поведе во 11 минута со автоголот на Баде, а Французите израмнија во 23 минута со погодокот на Таит.
Во 72 минута домаќинот направи целосен пресврт преку Лаборд, а четири минути подоцна бод за Англичаните донесе Хојбјерг.
Во вториот меч од истата група холандскиот Витесе со 0:2 триумфираше против словенечката екипа на Мура.
Во другите мечеви од првото коло во Конференциската лига: Алмати – Омонија 0:0, Флора – Гент 0:1, ХЈК – ЛАСК 0:2, Линколн Ред Импс – ПАОК 0:2, Карабах – Базел 0:0, Славија Прага – Унион Берлин 3:1, Слован Братислава – ФК Копенхаген 1:3.