ВИДЕО: Партизан се радува во Кипар, пукна „петарда“ на Олимпико

1 min read

Се одиграа уште пет натпревари од првото коло во Конференциската лига, денешниот успешен ден на српските клубови во Европа го комплетираше Партизан кој триумфираше во Кипар над Анортозис со 0:2.

Стрелци на погодоците за белградските „црно-бели“ во Никозија беа Мениг во 42 и Гомес во 68 минута од средбата на „Нео ГСП“ стадионот.

Во истата група „Б“ белгискиот Гент ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај естонската Флора славејќи со 0:1.

Во групата „Ц“ Рома славеше убедливо над ЦСКА Софија со 5:1. Бугарите изненадија со водство на „Олимпико“ стадионот во Рим уште во 10 минута со погодокот на Кери.

До крајот на првиот дел римскиот клуб се врати со целосен пресврт преку Пелегрини и Ел Шарави. Во вторите 45 минути „волчицата“ уште трипати ја затресе мрежата на Бусато. Пелегрини го запиша и вториот гол во 62 минута, а во листата на стрелците се најдоа уште Манчини и Абрахам.

Во другите мечеви од првото коло во Конференциската лига: Бодо Глимт – Зорја Луханск 3:1, Јаблонец – Клуж 1:0, Рандерс – АЗ Алкмаар 2:2.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зибери: Дигиталните учебници предизвикуваат дополнителен трошок за родителите

Следно

ВИДЕО: Жена имаше блиска средба со алигатор во Флорида, се одбрани со весло

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian