ВИДЕО: Од 11 години сонуваше за грен слем трофеј – сега е девојка од милијарда долари

4 mins read

Тениската сензација Ема Радукану од Велика Британија успеа да го привлече вниманието на „УС Опен“ освојувајќи го трофејот, нејзин прв освоен турнир во кариерата.

18-годишната тенисерка е топ тема во британските медиуми, а експертите одат толку далеку што предвидуваат дека таа ќе стане „бренд“ вреден над милијарда долари.

„Скај Спортс“ објави интервју со Радукану кога имаше само 11 години и уште тогаш беше препознаен нејзиниот голем талент. Во Борнмут 2014 година го освои второто место на јуниорскиот тениски шампионат, а веднаш после тој настап изјави дека сонува еден ден да биде дел од професионалениот тенис и биде грен слем шампион.

– Да, сакам да бидам еден ден професионална тенисерка бидејќи сакам да се натпреварувам и патувам околу светот. Мои спортски херои се Ли На, која етички добро работи и добро се движи околу теренот и Рожер Федерер бидејќи се движи толку сигурно и изгледа да биде толку лесно на теренот. Да, сакам да бидам еден грен слем шампион, иако знам дека е многу тешко, но доколку работам на мојата игра можеби ќе се случи еден ден – рече Радукану.

Веднаш по сензационалниот триумф на последната Грен слем сезона, започна лудилото за најбараната тинејџерка во светот. Нејзините адвокати имаат полни раце работа, па затоа се регистрираа во Обединетото кралство за да ги заштитат зборовите „Ема Радукану“, „Ема“ и „Радукану“, отворајќи го патот за сопствена линија на козметика, парфеми, облека и обувки.

Радукану која има само неколку месеци сериозен тенис зад себе, заработи неверојатни 2,5 милиони долари/Њујорк, САД/13 септември 2021/Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Тенисерката, која има само неколку месеци сериозен тенис зад себе на „УС Опен“, заработи неверојатни 2,5 милиони долари, а се проценува дека бројката во текот на нејзината кариера од наградата на турнирите ќе биде над 100 милиони долари. Исто така, се предвидува дека може да го надмине десетгодишниот спонзорски договор на Рожер Федерер со модниот бренд „Уникло“ во износ од 250 милиони долари. Другите врски, како што е договорениот договор со „Тифани“ во Кина, би можеле да привлечат 20 милиони долари годишно.

Неколку спортисти, помеѓу кои Мајкл Џордан и Тајгер Вудс, собраа богатство од над милијарда долари, но Ема ќе биде првата жена што ќе го стори тоа. Да потсетиме, пред два месеци, Ема беше дури 300 тенисерка во светот, таа влезе на УС Опен како 150-та, а сега е 23-та на ВТА листата.

До нејзиниот сензационален подвиг во Њујорк, таа заработи околу 300.000 долари од тенис, а по само три недели, сега вкуси како е да се стане ѕвезда преку ноќ.

Таа направи вистински „бум“ и на социјалните мрежи. За време и по „УС Опен“, доби преку милион нови фанови на Инстаграм, а во моментов има 1,9 милион фанови, со што го надмина најдобриот британски тенисер, Енди Мареј, кој има 1,7 милион фанови.

Женското финале и триумфот на Ема Радукану на УС Опен било погледано од машкото во САД

Да потсетиме, Ема Радукану, по потекло Канаѓанка, стана првата тенисерка која од квалификациите стигна до Грен слем титулата, освојувајќи ги сите 20 сета што ги одигра. Таа, исто така, стана првата Британка што освои Грен слем по 1977 година, и е најмладата победничка на еден од четирите најголеми турнири по 2004 година и тогаш 17-годишната Марија Шарапова.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Жена имаше блиска средба со алигатор во Флорида, се одбрани со весло

Следно

Бугарскиот претседател Румен Радев ја претстави новата привремена влада до изборите во ноември

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian