ВИДЕО | Д-р Даниловски: Дел од здравствениот систем кај нас личи на башибозук

1 min read

Ние сме во врвот во светот по смртност од ковид, треба да се прават анализи кои се факторите за големата смртност кај нас, преголема голема смртност на оние што се хоспитализирани, кај нас околу 40%, во САД е под 10%, изјави денес епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24.

– Зошто толку стапката на смртност е голема во однос на инфицираните. Карактеристика на добар здравствен менаџмент е отчетност и одговорност. Не може директор на болница да не му полага сметки на првиот човек во здравствениот сектор. Кај нас ова личи на башибозук, никој на никого не одговара и знае дека нема да одговара и прави што сака. Факт е дека општата состојба на нашево население е под секоја критика, вели тој.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

80-годишен маж уапсен во центарот на Скопје

Следно

Покетино е искрен: Не сме воиграни, мора да станеме тим

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian