ВИДЕО: Цел меч за Адеми против Вест Хем, Катаи е херојот на Црвена звезда

1 min read

Стартуваа возбудувањата во Лига Европа, во првото коло од групата „Х“ Динамо Загреб на домашен терен загуби од составот на Вест Хем со 0:2.

Англискиот клуб дојде до првите три бода на стадионот „Максимир“ со погодоците на Антонио во 22 и Рајс во 50 минута од средбата.

Тоа што е добро и за најдобрата македонска репрезентација, целиот меч за хрватската екипа го одигра Аријан Адеми кој е капитен на „модрите“.

Вториот Македонец во редовите на Динамо, Стефан Ристовски кој исто така беше стартер настапи до 63 минута кога беше заменет од Мохарами.

Во истата група белгискиот Генк триумфираше кај австрискиот тим на Рапид Виена (0:1), стрелец на единствениот гол беше Онуачу во судиското надополнување на вториот дел (90+2`).

Во групата „Ф“ Црвена звезда ја забележа првата победа откакоа со 2:1 беше подобра против Брага. Мируваа мрежите по првото полувреме на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, во 75 минута предност за српскиот претставник донесе Родиќ после асистенцијата на Канга, веднаш во следниот напад на Португалците израмни Галено.

Херој на белградските „црвено-бели“ е Катаи кој го постави конечниот епилог во 85 минута реализирајќи од пенал. Во вториот меч од групата ремизираа екипите на Митјиланд (Данска) и Лудогорец (Бугарија).

Во другите денешни средби од првото коло во Лига Европа: Баер Леверкузен – Ференцварош 2:1, Бетис – Селтик 4:3, Галатасарај – Лацио 1:0 и Локомотив Москва – Марсеј 1:1.

Елмас и Наполи најголеми фаворити според обложувалниците за титулата во Лига Европа

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Османи и Гервала потпишаа Договор за соработка во областа на дијаспората

Следно

ГАЛЕРИЈА: Двор кој остава без здив: Слободанка Стојановска има златни раце и расцветана душа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian