УТРИНСКИ БРИФИНГ | Кочоски: Пожарот се гаси додека е мал

1 min read

Во земјава за првпат се формира  Концепт центар за противпожарна обука по сите светски стандарди, а за тоа се погрижи компанијата „Коузон“.

Како што рече за Утрински брифинг нејзиниот сопственик Зоран Кочоски, центарот со полигонот се простира на над 5000 метри квадратни и е единствен таков во Македонија.

-Ние уште во 2014 година веќе почнавме со одредени обуки со англиски експерти. Со тие обуки како и со новите обуки во кои ќе се користи помошта и од европските механизми целта е да се намалат сите ризици, вели Кочоски за Утрински брифинг.

Новата програма што ќе се применува во овој центар е насочена кон четири групи граѓани: професионалци, аматери, доброволци и стопански субјекти.

Освен тоа целта е да се формираат и обноват доброволните противпожарни друштва какви што имаше на времето, а сега видовме дека се многу потребни.

Како што вели Кочовски, обуката ќе ја спроведуваат дванаесет наши професионалци кои се докажани во својата експертиза и ќе им помогнат на идните спасувачи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хакери украдоа резултати од 1,4 милиони тестови за коронавирус во Париз

Следно

Дневен хороскоп за 16 септември: Лесно можете да започнете авантура со личност со која сте деловно поврзани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian