„Себастијане, ќе те кренам во воздух“: Поради закана кон Курц, Австриец сместен на психијатрија

2 mins read

Поради заканите испратени до австрискиот канцелар Себастијан Курц, судот во Грац донесе пресуда за сместување на Стиријанецот (42) на психијатрија, пренесува австриски Клеин Зитунг .  

„Ќе кажам само уште еднаш – Себастијане, ќе те кренам во воздух“ – напиша осудениот на својот Фејсбук.  

Бидејќи не следеше реакција, тој понатаму му напиша на Курц дека, доколку не одговори, ќе го „разнесе целиот Хофбург“. Ниту Курц не реагираше на овие закани, но обвинителството реагираше и започна истрага.  

Обвинителот посочи дека е јасно дека обвинетиот му се заканувал на Курц со напад и смрт. Адвокатот на обвинетиот се обиде да ги ублажи заканите, велејќи дека не е сигурен дека Курц воопшто го забележал она што тој го напишал.  

Обвинетиот рече дека е точно дека тој го напишал тоа, но и дека ги избришал постовите, како и дека бил во вонредна психичка состојба по смртта на неговата мајка и затоа што неговата сопруга со три деца го напуштила.  

“Каква врска има Курц со тоа? Тој не е задолжен за вашите деца”, праша судијката Ангелика Хакер, на што тој одговори дека е лошо расположен и дека го смета Курц за добар политичар. 

Форензичкиот психијатар Манфред Валц дојде до заклучок дека обвинетиот страда од биполарно растројство. Инаку, обвинетиот на телото ги има истетовирано сите датуми на болест и хоспитализација, а психијатарот му предложи на судот да го стави обвинетиот на лекување во психијатрија, што судот го прифати. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лапорта бара трпение и доверба од навивачите

Следно

Делови од Тетово повторно без вода, секојдневно има неколкучасовни прекини во снабдувањето

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian