Покетино е искрен: Не сме воиграни, мора да станеме тим

1 min read

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино вели дека никој во таборот на „светците“ не е среќен поради ремито со Бриж на стартот од Лигата на шампионите.
Фаворизираниот ПСЖ во првото коло од новото издание на Лигата на шампионите одигра само 1:1 на гости кај Бриж и според тренерот Покетино, овој резултат е под очекувањата.

– Никој не е среќен поради овој резултат, ниту поради играта која ја прикажавме. Дојдовме во Бриж за да победиме, но не успеавме. Му симнувам капа на противникот, одигра храбро и покажа поголема желба за победа од нас. Противникот заслужи бод – рече Покетино.

За прв пат во новата сезона, нападот го предводеше триотто Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе, но и тоа не беше доволно да се победи белгискиот шампион.
– Потребно е време за да се склопат коцките и тоа е јасно уште од првиот ден. Не сме воиграни и мора да работиме вредно и напорно сезонава. Неопходно е да станеме тим – јасен е Покетино.

ПСЖ во второто коло во Лигата на шампионите го очекува првиот вистински тест сезонава, го пречекува Манчестер сити во реприза на полуфиналето од минатата сезона во ЛШ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Д-р Даниловски: Дел од здравствениот систем кај нас личи на башибозук

Следно

Во Србија се анализира воведување задолжително служење воен рок

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian