Почнаа изборите во Русија, Путин од самоизолација ги повика граѓаните да гласаат

2 mins read

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги повика граѓаните да покажат љубов кон татковината, неколку часа пред почетокот на парламентарните избори, на кои не им е дозволено да учествуваат на главните противници на Кремљ и кои ќе се одржат на украинска територија, и покрај противењето на Киев, пренесува ТАСС. 

„Јас сметам на вашето граѓанско чувство за одговорност, претпазливост и љубов кон татковината и дека се грижите за изборот на претставници кои ќе работат за доброто на нашата сакана Русија“, рече Путин во видео пораката објавена на веб -страницата на Кремљ.  

Путин ја испрати пораката од изолација, бидејќи во неговата околина беа идентификувани околу 10 случаи на заболени од ковид. Тој ќе може да гласа по електронски пат, изјави портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.  

Парламентарните, регионалните и локалните избори започнуваат за неколку часа и ќе траат три дена со цел да се намали ризикот од инфекција со коронавирусот.  

Резултатите се очекуваат во недела по 20 часот по средноевропско време. На главните противници на Путин не им е дозволено да учествуваат на изборите. Речиси 180 милиони Руси имаат право на глас, избирајќи 450 пратеници во Долниот дом на парламентот, Думата.  

Во средата, сојузниците на Навални ги повикаа Русите да гласаат за Комунистичката партија. Неговата кампања за „паметно гласање“ е дизајнирана да ги консолидира гласовите на оние што се противат на Единствена Русија, која во моментов има три четвртини од местата во долниот дом на парламентот и доминира на руската политичка сцена.  

Путин, кој е на власт повеќе од 20 години, ја водеше кампањата на свој начин, ветувајќи вонредна финансиска помош за 42 милиони пензионери, кои се клучен дел од електоратот.  

Во четвртокот, Киев го осуди одржувањето на парламентарните избори во Русија на Крим, како и учеството на изборите на жителите на прорускиот сепаратист источно од Украина. Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитри Кулеба оцени дека тоа е кршење на меѓународното право. 

Путин оди во самоизолација поради заразено лице во неговото опкружување

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Непланирана средба: Орландо Блум „очи в очи“ со бела ајкула

Следно

557 нови случаи на коронавирус, 28 лица починаа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian