Пејачите стравувајќи по својот живот побегнаа од Авганистан

4 mins read

Пејачите од Авганистан кои побегнаа во Пакистан рекоа дека немаат друг избор освен да ја напуштат земјата откако Талибанците повторно ја освоија.  

Новинар на Би-Би-Си разговараше со шест пејачи кои илегално ја поминаа границата со Пакистан и сега се на пакистански терен. Еден од нив изјави дека стравува по неговиот живот и дека талибанците би можеле да го убијат ако останел во Авганистан.  

Талибанците забранија музика и рекоа дека ќе ги убијат сите пејачи во северната авганистанска провинција Баглан. Милитантната група не одговори на овие наводи. 

Синот на пејачот Фавад Андараби Џавад изјави дека неговиот татко бил застрелан на семејна фарма во долината Андарб.

Сведоштво на Кан

Кан (лажно име) живеел во Кабул во изминатите 20 години и пеел на свадби низ целата земја. 

Народните пејачи се популарни на авганистанските свадби. Кога талибанците беа на власт од 1996-та до 2001-ва година, музиката била забранета. 

Додека талибанците годинава напредуваа во преземањето на земјата, Кан и другите не биле загрижени, верувајќи дека милитантната група се промени и ќе им дозволи да продолжат да прават музика.  

Но сепак, откако талибанците го зазедоа Кабул, вооружени мажи, за кои Кан смета дека се талибански борци, влегле во неговото студио и ги уништиле неговите инструменти.  

„На полноќ ми се јави обезбедувањето од моето студио и ми рекоа дека вооружени мажи дошле и ми ги скршиле сите инструменти, дека се уште се таму и ме бараат“, рече тој.  

Тој и неговото семејство го напуштиле Кабул во раните утрински часови. Тој сега вели дека погрешил за талибанците. 

Пејачите и музичарите кои избегаа од Авганистан преку граничните премини Торкам и Чаман, сега се кријат во предградијата Исламабад и Пешавар, обидувајќи се да најдат начин да побараат азил надвор од Пакистан.  

Хасан (лажно име) исто така е пејач кој сега живее со свој пријател во Равалпинд. Тој за Би -Би -Си изјави дека верувал дека талибанците ќе го убијат затоа што пред падот на Кабул пеел песна за авганистанската национална армија.  

Плашејќи се за својот живот, тој го напуштил семејството и избегал во Пакистан. Дури и пред падот на Кабул, кога талибанците ја презедоа контролата врз градовите, тие рекоа дека ќе забранат музика на локалните радио станици и ќе ја претворат државната станица во Глас на шеријатот, повикувајќи се на исламскиот правен систем, со програми составени од верска музика.  

Талибанците не ја одобруваат музиката поради строгата интерпретација на исламот, мислење што не го делат повеќето муслимани. 

Сведоштво на Актар

Актар (лажно име), како и претходните случаи, е пејач кој избегал од земјата со уште пет семејства на неговите пријатели и роднини.Тој изјави за Би -Би -Си дека тие патувале „илегално и ги ризикувале своите животи“.  

Им биле потребни околу пет дена за да стигнат до куќата на нивниот пријател во Пешавар. За време на патувањето, тој се плашел за својата седумгодишна ќерка која има проблеми со срцето.  

„Не се грижев за мојот живот цело време, туку за нејзиниот“, рече тој. 

Талибанците претепале новинар и снимател во околината на Кабул

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Славчо Попоски прогнозира: Од Сахара пристигнува прашина и песок, времето – мачно!

Следно

Османи и Гервала потпишаа Договор за соработка во областа на дијаспората

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian