Пахор: Прифаќаме протести и дијалог, но без насилство

1 min read

Претседателот на Словенија, Борут Пахор, во врска со насилствата на протестот поради заострување на анти-епидемиолошките мерки во Љубљана, деше дека немирите не смеат да наидат на рамнодушност, а камоли разбирање или одобрување, пренесува Демокрација.си.

Полицијата претходно соопшти дека седум полицајци и еден учесник во протестот се повредени во синоќешните нереди, како и дека е оштетена зградата на Парламентот.

Пахор во соопштение наведе дека секој знае оти постојат „различни мислења за мерките за борба против епидемијата на Ковид-19″ и дека „сите различни гледишта можат слободно да се изразат на достоинствен и мирен начин”.

„Дијалог и протести да, но без насилство. Мора да бидеме целосно обединети во тоа, бидејќи насилството сите не загрозува“ рече словенечкиот претседател.

Тој додаде дека „секогаш е подготвен за дијалог за сите важни прашања за заедницата”, но оти со право очекува неговите соговорници да се откажат од какво било насилство.

Според проценките на полицијата, околу 8.000 луѓе се собраа на синоќешниот протестен собир во центарот на Љубљана против заострувањето на мерките за борба против Ковид-19, а настанаа немири кога некои од учесниците фрлија камења и шишиња кон полицајците и зградата на собранието, по што интервенираше полицијата.

Полицијата денеска соопшти дека девет лица се приведени за учество во немирите и оти истрагата е во тек.

ВИДЕО: Насилни протести во Љубљана, демонстрантите во судир со полицијата

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кандидати за Париз 2024: Додевски и Георгиевска со медали на Президент купот во Истанбул

Следно

ВИДЕО | Непланирана средба: Орландо Блум „очи в очи“ со бела ајкула

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian