Османи и Гервала потпишаа Договор за соработка во областа на дијаспората

1 min read

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гeрвала-Шварц денеска потпишаа Договор за соработка во областа на дијаспората.

 – Договорот се потпиша во рамки на заедничкатa седница на Владите на Република Северна Македонија и на Република Косово во Скопје. Со овој договор се овозможува размена на искуства и активности, имајќи го предвид значајниот број граѓани од двете држави кои живеат во странство, соопшти МНР.

Министерството посочува дека денеска беа потпишани 11 договори и меморандуми за соработка, со кои бројот на потпишани документи со Косово од 42 се зголеми на 53.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пејачите стравувајќи по својот живот побегнаа од Авганистан

Следно

ВИДЕО: Цел меч за Адеми против Вест Хем, Катаи е херојот на Црвена звезда

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian