ОН бараат мораториум за продажба и употреба на вештачка интелигенција

1 min read

Владите треба итно да воведат мораториум за продажба и употреба на системи за вештачка интелигенција, кои претставуваат закана за граѓанските и човековите права додека не се воспостават механизми да ги заштитат, предупреди Канцеларијата на ОН за човекови права.

– Ризикот од дискриминација поврзан со одлуки базирани на употреба на вештачка интелигенција, што може да промени, дефинира или оштети човечки животи, е премногу реален, наведе во извештај високиот комесар на ОН за човекови права, Мишел Бачелет.

Вештачката интелигенција обично вклучува апликации во кои адаптивниот софтвер анализира огромни количества податоци, извлекува заклучоци од нив и донесува одлуки.

– Сега треба да се преземат мерки за вклучување на заштитни механизми во користењето на вештачката интелигенција во корист на сите нас, додаде Бачелет.

Канцеларијата на ОН бара мораториум за продажба и употреба на системи за вештачка интелигенција кои „претставуваат сериозен ризик за човековите права додека не се воспостават соодветни гаранции”. Европската комисија предложи прописи за употреба на вештачка интелигенција во април, врз основа на принципот „колку е поголема потенцијалната опасност, толку се построги прописите” и тој пристап треба да се усвои во идните глобални стандарди, сугерираат ОН.

 

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шилегов на отворањето на нова фабрика за кабли во Сарај: Ќе се вработат триесетина високостручни лица

Следно

ВИДЕО | Мицкоски: Мора да има одговорност за опожарената болница и за изгубените човечки животи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian