Обврската за вакцинација во Франција стапи во сила за здравствените работници. Тие мора да примиле барем една доза од вакцината против ковид-19 за да продолжат да работат. По првиот ден на обврската 3000 вработени се суспендирани, според министерот за здравство, јави дописникот на МИА.
Околу 3000 суспензии беа доставени на здравствени работници кои не се вакцинирани против ковид-19 по стапувањето во сила на обврската за вакцинација, соопшти министерот за здравство Оливие Веран.
– Вчера имаше околу 3000 суспензии што беа доставени на персоналот на здравствени или медицинско-социјални установи кои се уште не биле во тек за вакцинација, изјави Оливие Веран изутринава за РТЛ, додавајќи дека имало и „неколку десетици оставки” на вработените во овие установи.
Извор: МИА