Нови бранови на „Камп Ноу“, Куман би можел да ја напушти Барса

1 min read

Каталонските медиуми тврдат, холандскиот тренер Роналд Куман би можел да се раздели со Барселона после убедливиот пораз во вторникот на стартот од Лигата на шампионите од Баерн Минхен (0:3).

Како што информира каталонската „ТВ3“, во тек е состанокот на водечките луѓе на клубот каде што тема е токму стратегот на Барса, Куман.

Отказот ќе го чини клубот 12 милиони евра, многу членови на клубот се подготвени за таков потег, но има и рамислувања да се почека уште неколку недели.

Тој дел од раководството сака да почека да види дали тимот ќе напредува според очекувањата поставени пред Куман. Но, други информации велат дека состанокот веќе бил договорен порано и дека за отказ нема да се дискутира.

Куман ја презеде Барселона во август минатата година. Тој го предводеше тимот на 58 натпревари и има учинок од 36 победи, 10 нерешени и 12 порази.

Лапорта бара трпение и доверба од навивачите

Куман со порака до Лапорта: „Поради мене Барселона има иднина“

www.slobodenpecat.mk

Претходно

557 нови случаи на коронавирус, 28 лица починаа

Следно

Рама: Никој не може да и држи лекции на Албанија, а за „Отворен Балкан” времето ќе покаже кој е во право

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian