Денеска во просториите на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) се одржа заеднички состанок со Здружението на прволигашите на кој беше извршена жрепката за новата сезона и беа утврдени натпреварувачките броеви за сезоната 2021/22.
Во првото коло во кошаркарската Прва лига кое е закажано за 2. и 3. октомври,. бранителот на двојната круна МЗТ Скопје ќе игра против еден од главните конкуренти за титулата, Пелистер. Натпреварот ќе се игра во Битола, а двете екипи ќе бидат дел и од АБА2 лигата.
Двојки за прво коло:
МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички
Еуро Никел 2005 – Гостивар
Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром
Куманово 2009 – Ангели
Феникс 2010 – Нaвико Академија ФМП
Кожув – ТФТ