Меркел на работна вечера со Макрон во Париз

1 min read

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска треба да ја прими германската канцеларка Ангела Меркел на работна средба во Елисејската палата во Париз.

Според извори од Кабинетот на Макрон, на заедничката вечера ќе се фокусираат на ситуацијата во Авганистан и Сахел. Тие, исто така, сакаат да зборуваат за претстојното француско претседателство со Советот на ЕУ. Франција го презема шестмесечното ротирачко претседателство во јануари.

Меркел се повлекува од функцијата канцелар подоцна овој месец, по 16 години на чело на германската политика, кога ќе биде избран новиот Бундестаг. Нејзината проштална посета со Макрон е закажана за подоцна, најверојатно по изборите во Германија.

Макрон веќе ги прими кандидатите канцелари Олаф Шолц и Армин Лашет, минатата недела во Париз.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 16 септември: Лесно можете да започнете авантура со личност со која сте деловно поврзани

Следно

Голманот на Бриж тера сеир со ѕвездите на ПСЖ: Меси, Нејмар и Мбапе? Па и не немав многу работа на голот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian