Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта одлучи да се обрати на јавноста и на навивачите по поразот од Баерн Минхен во првото коло во Лигата на шампионите.
Барселона на „Камп Ноу“ во првиот натпревар во ЛШ без Лионел Меси загуби со 0:3 од Баерн, но навивачите повеќе од убедливиот пораз ги боли играта на каталонците кои не упатија ниту еден шут на голот на Мануел Ноер.
– Здраво, и јас сум разочаран подеднакво како и вие. Морам да ви кажам што се случува, ова е една од ситуациите кои го очекувавме. Ве молам за трпение и да продолжите да го поддржувате нашиот тим. Исто така ве молам да имате доверба во луѓето кои го водат нашиот клуб. Потебна ни е вашата доверба и време, немаме сомнежи дека и овој проблем ќе го решиме – изјави Лапорта.