Кошаркарскиот свет се простува од Душан Дуда Ивковиќ

3 mins read

Смртта на Душан Дуда Ивковиќ ја потресе кошаркарската јавност не само во соседна Србија туку и во Европа и светот воопшто.

Ивковиќ беше еден од најдобрите тренери на сите времиња, кои на репрезентацијата на Југославија и донесе три европски златни медали, во 1989, 1991 и 1995 година.

Ивковиќ остави неизбришиви траги во европската и светската кошарка и од него денеска се простија ФИБА, најголемите српски клубови Партизан и Црвена звезда, голем број европски екипи, кошаркари кои ги тренираше но и останати кошаркари и спортисти, пријатели како и навивачи кои ги радуваше со освоените трофеи.

Перо Антиќ се прости од Дуда Ивковиќ: Ти благодарам за сѐ

Душан Ивковиќ се смета за еден од најдобрите и најуспешните европски и светски тренери. Тој со селекцијата на Југославија три пати триумфира на Европските првенства, во Загреб 1989 година, во Рим 1991 и во Атина 1995 година.

Како кошаркар тој настапуваше на бековската позиција, а како тренер ги водеше екипите на Партизан, Арис, Раднички Белград, Шибеник, Војводина, ПАОК, Паниониос, Олимпијакос, АЕК, ЦСКА, Динамо Москва и Анадолу Ефес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FK PARTIZAN (@partizanbelgrade)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olympiacos B.C. (@olympiacosbc)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Spanoulis Vassilis (@vassilis7span)

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заев: Балканот веќе не е буре барут и не е темпирана бомба, нашето место во ЕУ е заслужено

Следно

Над 73 отсто од студентите во Грција примиле барем една доза од вакцината или прележале Ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian