Ивковиќ имаше понуда да биде првиот европски тренер кој ќе води НБА екипа

2 mins read

Тажна вест ги потресе Србија и кошаркарскиот свет, легендарниот тренер Душан Дуда Ивковиќ почина во болница во Белград.

Еден од најдобрите кошаркарски тренери на сите времиња почина како последица од вода во белите дробови, а за време на тренерската кариера освои се што можеше да се освои. За тоа колку голем тренер беше Дуда Ивковиќ најдобро илустрира дека тој требаше да биде првиот европски тренер кој ќе води НБА екипа.
Имено, пред 19 години, Денвер нагетс покажа сериозен интерес за Ивковиќ, дури го повикаа на средба во Њујорк, но…

– Прво имав состанок во Ница со претставници на ЦСКА. Во исто време добив понуда од Денвер, заминав во Њујорк каде разговарав со тогашниот генерален менаџер на Денвер, Кики Вандервег по што заедно со мојот агент и уште тројца скаути заминавме на ручек. Цела ноќ, додека јадевме тие ми поставуваа прашањазборуваше Ивковиќ за грчкиот „Спорт 24“.
На крајот, агентот Бил Дафи ми рече „Подготви се утре наутро да потпишеш договор“.

Но, следниот ден се случи пресврт во настаните, претставниците на Денвер одолговлекуваа по што Ивковиќ го загуби трпението.
Ги договоривме условите од договорот и мојата улога. Се договоривме во првата сезона да бидам советник, односно да учам за НБА, а потоа да потпишам двегодишен договор. Наредното утро бевме на кафе и ми беше кажано дека сопствениците на екипата се на одмор и дека не може ништо да се заврши. Побараа од мене да почекам неколку дена, на што им одговорив дека за две недели имам состанок со ЦСКА. Деновите поминуваа, немаше одговор од Денвер и потпишав за ЦСКА – зборуваше Ивковиќ.

Челниците на Денвер повторно се јавија, но веќе беше доцна.
По некое време добив повик од Денвер, ми рекоа „Тренеру, ние сме подготвени“. Јас им одговорив „Жалам, потпишав за ЦСКА“.

Ивковиќ во ЦСКА остана три години и освои три домашни титули, но не успеа да триумфира во Евролигата, но подоцна тоа му успеа со тимот на Олимпијакос.

Ин Мемориам: Почина Душан Дуда Ивковиќ

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Охрид и Струга ќе се одржи голема вежба на НАТО „Северна Македонија 2021“ за справување со кризи

Следно

ВИДЕО | Андоновиќ: Антиваксерите – иницијална каписла за рушење на Јанша

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian