Ин Мемориам: Почина Душан Дуда Ивковиќ

1 min read

Европската и светската кошарка денеска се завиени во црно откако од Србија пристигна веста дека почина великанот на југословенската, српската, европската кошарка, Душан Дуда Ивковиќ.
Ивковиќ починал рано утринава во болница во Белград како последица од вода во белите дробови и херпес, а веста на потврди првиот човек на Раднички, Горан Калиниќ.

– Во 6.50 часот Душан почина во болница во болницатво Белград како последица од вода во белите дробови – кратко изјави Калиниќ, кој е претседател на Раднички, матичниот клуб на Душан Ивковиќ.

Душан Ивковиќ беше роден на 29 октомври 1943 година и се смета за еден од најдобрите и најуспешните европски и светски тренери. Тој со селекцијата на Југославија три пати триумфира на Европските првенства, во Загреб 1989 година, во Рим 1991 и во Атина 1995 година.

Беше селектор и на репрезентацијата на Србија од 2008 до 2013 година и освои сребрен медал на ЕП. Тренерската кариера ја заврши во 2016 година.
Како кошаркар тој настапуваше на бековската позиција, а како тренер ги водеше екипите на Партизан, Арис, Раднички Белград, Шибеник, Војводина, ПАОК, Паниониос, Олимпијакос, АЕК, ЦСКА, Динамо Москва и Анадолу Ефес.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заев не размислува за оставка: Мицкоски да дојде, премиер да биде?

Следно

Хрватите оваа година би можеле да одат во САД без визи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian