Хрватите оваа година би можеле да одат во САД без визи

1 min read

Хрватските граѓани би можеле да патуваат во САД без визи до крајот на оваа година, изјави за Хина, службеник на американското Министерство за внатрешна безбедност, која неделава е во Хрватска за да ја направи конечната проценка за нејзината подготвеност да влезе безвизен режим. Министерот за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас ја носи конечната одлука за подготвеноста на Хрватска да се приклучи на Програмата за ослободување од визи (VWP).

Делегација на американското министерство е во Хрватска оваа недела за да подготви конечен извештај. Серена Хој, секретарка за меѓународни работи на министерството, изјави за Хина дека Мајоркас ќе ја донесе одлуката до крајот на септември.

„И тогаш, ако се оди според планот, ние веруваме дека Хрватска ќе биде во VWP до крајот на годината”, рече таа, додавајќи дека делегацијата на ресорното министерство е „оптимист” дека тоа ќе биде така.

По укинувањето на визите за патување во САД за туристички и деловни цели, хрватските граѓани ќе аплицираат преку системот за електронска дозвола за патување (ЕСТА). Патниците ќе се пријават најдоцна 48 часа пред летот, а пријавувањето ќе чини 14 долари

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ин Мемориам: Почина Душан Дуда Ивковиќ

Следно

ФОТО | Кој се буди покрај Катарина Ивановска: Бушава коса, диво срце!

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian