Хакери украдоа резултати од 1,4 милиони тестови за коронавирус во Париз

1 min read

Хакери украдоа резултати од 1,4 милиони тестови за коронавирус во Париз, јави ДПА. Поднесена е жалба до обвинителството, соопшти здравствената служба на париските болници.

Нападот погоди област каде што беа складирани лабораториски податоци за пренос до фондовите за здравствено осигурување и до здравствените власти. Украдените податоци се на луѓе од Париз, кои биле тестирани за коронавирус во летото. Податоците ги вклучуваат имињата на граѓаните, нивните броеви за здравствено осигурување и резултатите од тестовите.

Националната база на податоци за резултати од тестови за коронавирус не беше погодена од нападот

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нов драстичен скок на бројот на новозаразени во Грција, четири региони одат во карантин

Следно

УТРИНСКИ БРИФИНГ | Кочоски: Пожарот се гаси додека е мал

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian