Голманот на Бриж тера сеир со ѕвездите на ПСЖ: Меси, Нејмар и Мбапе? Па и не немав многу работа на голот

1 min read

Екипата на ПСЖ новата сезона во Лигата на шампионите ја започна како главен фаворит за титулата и во првото коло според експертите имаше идеален противник за да го потврди тој статус.

„Светците“ во Белгија на натпреварот против Бриж настапија со најсилниот состав и за прв пат нападот го предводеа Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе, но не успеаја да ја оправдаат фаворитската улога и одиграа само 1:1.

Голот за ПСЖ го постигна Андер Ерера на асистенција на Мбапе, но Внакен во 27 минута израмни на 1:1, резултат кој на крајот се покажа како конечен.

Голманот на Бриж, Симон Мињоле не беше импресиониран од триото Меси, Нејмар и Мбапе.
– Немав многу работа, игравме многу добро како колектив. Не им дозволивме да создадат премногу шанси за гол. Сите знаеме дека индивидуално се многу силни и затоа избегнувавме да ги доведеме да дојдат во ситуација „еден на еден“. Го браневмер просторот и тоа го правевме како тим. Нормално, тие се одлична екипа, но повторував немав премногу работа. Имав две-три одбрани – изјави Мињоле.

Бриж во второто коло во ЛШ на 28 септември и гостува на Лајпциг, додека ПСЖ го очекува супер пресметка со Манчестер сити.

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Меркел на работна вечера со Макрон во Париз

Следно

Секое десетто дете по земјотресот во Загреб покажува симптоми на анксиозност и депресија

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian