ФОТО+ВИДЕО: Триумфалната капија во Париз завиткана во ткаенина

2 mins read

По Рајхстагот и Понт-Неф, дојде време да се заокружи и Триумфалната капија.

Емануел Макрон денеска учествуваше на претставувањто на завиткувањето на еден од најважните споменици во Париз, Триумфалната капија, постхумната визија на уметникот Христос, кој почина во 2020-та година, пренесува Франс 24.  

“Христос и Жан-Клод се во нашите мисли. Тие би биле многу допрени, ова е исполнување на 60-годишниот сон”, рече францускиот претседател во говорот на покривот на споменикот во присуство на градоначалникот на Париз Ана Хидалго и поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг. 

 „Тоа беше луд сон и го исполнивте, ви благодарам многу“, додаде Емануел Макрон. 

Украсената Триумфална капија во Париз/ Фото EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Тој го пофали ремек -делото „што ништо не ги чини даночните обврзници“ и што придонесува за раскошот на земјата и им се заблагодари на „сите што го овозможија овој проект да биде успешен“.  

Плод на неколкунеделната работа, потребни беа 25.000 квадратни метри рециклирана сребрено-сина ткаенина и 3.000 метри црвено јаже за да се завитка ова познато место на француските комеморации.  

Инсталацијата ќе биде поставена до 3 -ти октомври. Ова дело е остварување на сонот на уметникот Христос и неговата сопруга Жан-Клод. Уште во 1962-рата година, двојката потпиша фотомонтажа на преполната Триумфална капија, и идејата ја добија гледајќи ја од нивниот прв стан на авенијата Фох.  

“Ова ќе биде како живо суштество што оживува на ветрот и ја рефлектира светлината. Наборите ќе вибрираат и површината на споменикот ќе стане сензуална. Луѓето ќе можат да го допрат Триумфалниот свод”, говорел тој.  

Делото чини 14 милиони евра, но беше целосно самофинансирано без државни субвенции, преку продажба на оригиналните дела на Христос, цртежи, сувенири, подготвителни скици и литографии.  

Министерката за култура на Франција, Розелин Бахело претходно ја опиша работата како „прекрасен подарок за Парижаните, Французите и сите љубители на уметноста“.  

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Инстаграм влијае на суицидни мисли кај младите, велат од Фејсбук

Следно

Зибери: Дигиталните учебници предизвикуваат дополнителен трошок за родителите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian