ФОТО| Ники Минаж ги крена властите на нозе со објава против вакцинацијата: Ја прими и стана импотентен, a девојката ја откажа свадбата

4 mins read

Оника Тања Мараџ подобро позната под нејзиното сценско име Ники Минаж, е светски позната раперка со тринидадско – американско потекло, а нејзита последна објава на Твитер ги крена властите на нозе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbie (@nickiminaj)

Ники, која има повеќе од 22 милиони следачи на својот твитер профил, напиша:

„Мојот братучед во Тринидад нема да прими вакцина затоа што негов пријател ја прими и стана импотентен. Тоа се случи неколку недели пред да се ожени, сега девојката ја откажа свадбата. Затоа, молете се и бидете сигурни во вашата одлука, а не да ве тераат на тоа“.

Раперката Ники Минаж по објавата која го привлече вниманието на светската јавност, повтормо се обрати до јавноста тврдејќи дека била поканета во Белата куќа да разговара за вакцините против Ковид-19 откако нејзините твитови предизвикале бурни реакции.

Но, претставник на Белата куќа изјавил дека ѝ понудиле телефонски повик со медицински експерти, а не посета, како што напиша раперката на социјалните мрежи. Раперката во средата твитна дека била поканета во Белата куќа поради неточни тврдења за вакцината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbie (@nickiminaj)

Официјален претставник на Белата куќа за „Ен-би-си њуз“ изјавил дека бил понуден повик до Минаж да разговара за прашања во врска со безбедноста и ефективноста на вакцината против Ковид, откако таа објавила неколку твитови на почетокот на оваа недела, што довело до тоа Твитер привремено да го суспендира нејзиниот профил.

„Како и со другите, понудивме повик со Ники Минаж и еден од нашите лекари да одговори на прашањата што ги има во врска со безбедноста и ефективноста на вакцината“, истакнал претставникот на Белата куќа во изјава за NBC news.

Раперката изминативе денови во неколку наврати го изрази својот скептицизам во врска со вакцината, а во средата објави на својот твитер – профил дека е поканета да разговара со претставници на американската влада.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbie (@nickiminaj)

Ники која неодамна посочи дека вакцината може да доведе до импотенција – напиша на Твитер: „Белата куќа ме покани и мислам дека тоа е чекор во вистинската насока. Да, ќе одам. Ќе се облечам во розова боја како Рис Витерспун во „Legally Blond“ за да знаат дека сум сериозна. Ќе поставувам прашања во име на лицата кои ги исмејуваат.

38-годишната раперка потоа ги замоли своите следачи на Твитер да ѝ ги испратат своите прашања и грижи за да им ги пренесе на официјалните лица во Белата куќа.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Еди Рама ја критикува Приштина поради непристапувањето кон „Отворен Балкан“: Отворен Балкан не е српска игра

Следно

Шилегов: Со 110 километри нови велопатеки, Скопје е подготвено за Европската недела на мобилност

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian