ФОТО | Лара Иванова е подготвена за настапот на „Макфест“: Со нетрпение чекам публиката да ја слушне мојата нова песна

1 min read

Во петок и сабота, односно на 17-ти и 18-ти овој месец во Штип ќе се одржи 36-то издание на најреномираниот музички фестивал „Макфест“.

Во петок ќе настапат дебитантите, а само неколкумина од нив, односно тие со највеќе гласови ќе се натпреваруваат и во саботната, односно финалната вечер каде ќе учествуваат веќе докажани имиња од домашната сцена.

Дуле Дамјановски

Меѓу нив, односно во финалната вечер ќе настапи и миленичката на публиката, младата и талентирана Лара Иванова. Нејзината композиција носи наслов „Душа“, на која како автор на музиката и аранжманот се потпишува Иле Спасев, додека пак текстот е повторно дело на маестралниот Робин Зимбаков.

Лара на сцената во Штип ќе носи креација на познатиот дизајнер Занов, со кого од неодамна почна да соработува.

Дуле Дамјановски

Со нетрпение го чекам „Макфест“. Ова ќе биде мој трет настап, но се радувам исто како првиот пат. Не се оптеретувам со тоа дали ќе освојам некаква награда, за мене најважно е песната да биде прифатена од публиката и утре да ја пеат кога ќе настапувам некаде – кусо ни изјави Лара.

Инаку за оваа песна, Лара и нејзиниот тим веќе снимија видеоспот кој ќе биде промовиран за неколку дена.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

МЗТ Скопје му гостува на Пелистер на стартот од новата кошаркарска сезона

Следно

ОЈО покрена постапка против скопјанецот кој во два стана одгледувал марихуана

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian