Еди Рама ја критикува Приштина поради непристапувањето кон „Отворен Балкан“: Отворен Балкан не е српска игра

1 min read

Албанскиот премиер Еди Рама денеска повторно ја критикуваше Приштина дека не се приклучила на иницијативата „Отворен Балкан“, оценувајќи ја како избрзана одлука.

Тој во парламентот изјави дека Србија треба да и се извини на Приштина за наводните воени злосторства, но исто така оцени дека има долг пат и дека е важно да се има предвид перспективата, а не политичката борба, како што објави АБЦ Албанија.

Како што рече, Отворен Балкан не е „српска игра“, туку „дете на Берлинскиот процес“.

„Земјите од регионот влегуваат во нов процес преку Отворен Балкан. Земјите учат, практикуваат, се соочуваат со тешкотии, така што кога ќе влезат во ЕУ, можат да донесат одредени заклучоци. Кој е тука предавникот, Србија која е најголема и што ќе има корист? “, додаде

„Заинтересирани сме колку ќе добие Косово во соработка со Албанија“, рече Рама, додавајќи дека доколку албанскиот народ не се претстави како народ посветен на мирот, тој е предодреден да загуби.

Извор: Танјуг

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лига на Европа: Англиски предизвик за тројцата македонски репрезентативци Елмас, Адеми и Ристовски

Следно

ФОТО| Ники Минаж ги крена властите на нозе со објава против вакцинацијата: Ја прими и стана импотентен, a девојката ја откажа свадбата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian