ВИДЕО: Спектакл на Енфилд, „кралска“ вечер во Милано, ПСЖ не може ни со Меси

2 mins read

Во рамките од групата „А“ во првото коло од Лигата на шампионите ПСЖ и покрај големиот број на ѕвезди како Нејмар, Мбапе и Меси кои беа стартери во Белгија, одигра само 1:1 против Клуб Бриж.

Париските „светци“ добро започаа со погодокот на Ерера после асистенцијата Мбапе во 15 минута од средбата. Радоста на Французите траеше до 27 минута кога домаќините успеаја да израмнат преку Ванакен по додавањето на Собол.

Во истата група Манчестер сити на својот „Етихад“ со дури 6:3 го совлада тимот на Лајпциг. За „граѓаните“ по еднаш во листата на стрелците се запиша Аке, Марез, Грилиш, Кансело и Габриел Жезус, автогол си постигна Мукиеле, а за бундеслигашот хет-трик запиша Нкунку.

Во дербито на „Џузепе Меаца“ во Милано во рамките од групата „Д“ Реал Мадрид дојде до трите бодови (0:1) во самиот финиш против Интер. Стрелец на голот за „кралевите“ беше Родриго после асистенцијата на Камавинга во 90 минута.

Претходно Шериф Тираспол на македонскиот репрезентативец Бобан Николов направи изненадување совладувајќи го Шахтјор Доњецк.

Ливерпул во групата „Б“ во уште едно вечерашно дерби во ЛШ беше подобар од Милан со 3:2. „Росонерите“ беа во предност по првите 45 минути, Томори си постигна автогол за водство на „црвените“ од Енфилд, а непосредно пред паузата калчолигашот направи пресврт со погодоците на Ребиќ и Диаз за период од 120 секунди.

Салах на стартот од вториот дел донесе нов егал на мечот, а конечниот епилог во 69 минута го постави Хендерсон. На вториот меч од истата група без голови одиграа Атлетико Мадрид и Порто.

Во групата „Ц“ Ајакс убедливо славеше во Португалија кај Спортинг со 5:1, а претходно Борусија Дортмунд со 1:2 го надигра Бешикташ.

ВИДЕО: Срамен пораз на Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се затвора модуларната ковид-болница во Гостивар

Следно

ВИДЕО: Насилни протести во Љубљана, демонстрантите во судир со полицијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian