ВИДЕО: Скопските балетанки и влечки беа надалеку познати – сега овој занает го чува само Шериф Даци од Скопската чаршија

1 min read

Старата скопска чаршија надалеку беше прочуена поради старите занаети кои се негуваа и производите кои беа уникатни и единствени во продажба. Сјајот на чаршијата барем во делот на занаетите згаснува, а тоа го зборува и Шериф Даци, занаетчија кој целиот свој живот ги изработува оние црни патичиња – балетанки, популарно наречени цвички без кои учениците не можеа да влезат на час по физичко во спортските сали.

Сега побарувачката за нив е значително помала, тука и таму некое основно училиште се уште им ги бара на учениците, а ги користат и играорците и во балетските школи. Цената им е симболична – 120 денари, но Шериф е упорен и сега, во својата работилница продолжува да ги крои и шие „цвичките“.

Во потрага по некогашниот сјај на Чаршијата и звуците на некои од машините за рачно производство, чичко Шериф Даци раскажува како било, и како се уништува полека чаршијата, најпознатата знаменитост на Скопје, посетена дури и од поранешната американска шефица на дипломатијата Хилари Клинтон. Таа во неговиот дуќан пред 20 години си одбра рачно везени, скопски влечки.

Нашиот соговорник Шериф Даци е носталгичен за минатото и тажен за сегашната состојба во која се најде старата скопска чаршија и занаетчиите, некогаш надалеку познати по својата рачна и уникатна изработка на производи. Повеќе нема интерес ниту за чираци за да ги научат и потоа продолжат старите занаети, резигнирано говори Даци.

 

 

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Хаг започнува првото судење во Специјалниот суд за Косово

Следно

Режисерот Манчевски јавно ги повика канидатите да се откажат од идејата низ центарот на Скопје да се пробива автопат и да се гради тунел

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian