ВИДЕО: Насилни протсети во Љубљана, демонстрантите во судир со полицијата

1 min read

Демонстрантите на протестите против на мерките за сузбивање на ковид-19 се собраа на плоштадот „Република“ во Љубљана. Тие ја критикуваа владата скандирајќи за нивна оставка, а по два часа запалија факели и почнаа да ги фрлаат кон словенечкиот парламент. 

Полицијата одговори со солзавци и водени топови.

Демонстрантите истакнаа две барања: промена на мерките за контрола на вирусот ковид-19 и распишување предвремени избори.

Пред протестот, организаторите повикаа на мирен собир, но се случи инцидент кога еден од учесниците фрли шише кон еден од полицајците кои го обезбедуваа собирот, иако тој промаши. 

Тогаш демонстрантите запалија факели и почнаа да ги фрлаат кон собраниската зграда. 

Според Н1 Словенија, на собирот се и навивачките групи на двата најголеми фудбалски клуба во земјата. 

Кога толпата се приближи кон собранието и почна да фрла факели, полицијата одговори со солзавец и ја растури групата. Многу демонстранти побегнаа, но факелите и солзавците се уште летаа. Некои од демонстрантите нападнаа паркирано полициско возило со камења.

Полициски хеликоптер кружи над Љубљана, а полицијата повика засилување.

Епидемиолошката состојба во Словенија се влошува – во вторникот, од 6.745 тестирани, имаше 1.364 нови случаи. Според Националниот институт за јавно здравје, во моментов има 11.238 активни случаи.

Иако интересот за вакцината расте, во моментов 50 проценти од граѓаните примиле една доза и 45 проценти и двете. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Металург вторпат по ред ги разочара своите навивачи

Следно

Те сакам, супер-жено моја, ѝ рече Игор на Илина која го искачи еден од најтешките врвови во Јужна Америка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian