ВИДЕО | Антониа Гиговска со нова песна и спот: Пресреќна сум како изгледа сè

2 mins read

„Магнет“ е насловот на најновото музичко остварување на младата пејачка Антониа Гиговска, која вчеравечер го промовираше на своите социјални мрежи. Судејќи по првите коментари и реакции од публиката, несомнено е дека Антониа има уште еден голем хит во своето „си-ви“.

Пејачката и овојпат довербата му ја даде на хит-мејкерот Лазар Цветкоски, кој пак уште еднаш докажа зошто е еден од најдобрите продуценти на овие простори, додека текстот е дело на познатиот рапер Тајзи, кој повторно покажа дека одлично се снаоѓа и во улога на текстописец. По се изгледа Антониа не го менува тимот со кој што победува, па така и за оваа нова песна таа сними спот со познатиот режисер Даниел Јовески. Спотот се снимаше во Охрид, а покрај Антониа во него се појавува и моделот Симон Антиќ, кој беше дел и од видеоспотот за претходната песна на Антониа, „Магла“.

– Што да кажам? Јас сум презадоволна од целиот производ. Лазар и Тајзи направија магија од песна, Даниел сними видеоспот каков што секогаш сум посакувала. Пресреќна сум како изгледа сè. Коментарите на моите блиски, колеги, фанови се феноменални, а тоа ми е најважно од се. Јас ова го правам за нив, уживам кога и тие уживаат во она што го создаваме со мојот тим. вели младата Антониа. Она за што исто така доби многу позитивни коментари е нејзиниот стајлинг. Многумина го нарекоа светски и дека одлично и прилега. Инаку Антониа и нејзиниот тим веќе работат на нешто ново со кое сме сигурни дека повторно позитивно ќе ја изненадат публиката. Она што е важно да се напомене, е тоа дека за неколку месеци Антониа ќе го издаде и својот прв албум на кој веќе работат Лазар Цветкоски и Тајзи.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Обвинетиот командант на ОВК Салиху Мустафа ја напушти судницата и го навреди судот

Следно

Со премиерата „Грдиот“ вечер почнува „Гола месечина“ во Аеродром

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian