УТРИНСКИ БРИФИНГ | Димитров: Нон-пејперот е балканска ујдурма

1 min read

Потпретседателот за европски прашања Никола Димитров беше гостин на Утрински брифинг на Слободна ТВ и се осврна на актуелните теми поврзани со и за Балканот.

Во врска со односите со Бугарија Димитров вели дека на тој план не се случува ништо со оглед на тоа што Бугарија е пред трети вонредни парламентарни избори кои ќе се одржат заедно со претседателските. Оттука, за него тој нон-пејпер што се појави во јавноста е сосема бесмислен.

-Сум гледал и многу нон-пејпери и многу официјални документи. Прво, можам да кажам дека самиот јазик со кој е напишан не соодветствува на англиската граматика. Оттука претпоставувам дека „документот“ е балканска ујдурма, или пак можеби потекнува од кај нас, но тоа е во сферата на шпекулациите, вели Димитров за Утрински брифинг.

И бугарската влада се огради од таквиот документ.

Во врска со односите со Бугарија, Димитров вели дека во овој случај, во односите меѓу Македонија и Бугарија, „историјата не е учителка, туку сме влезени во затворот на историјата“.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Израелскиот министер за одбрана предупредува дека Иран за три месеци може да произведе нуклеарна бомба

Следно

Поразот од Баерн ќе му пресуди, деновите на Куман како тренер на Барселона се одбројани?!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian