УТРИНСКИ БРИФИНГ | Даштевски: Имаме рекорден број кандидати за градоначалници и градоначалнички

2 mins read

Државната изборна комисија во моментов врши обуки на општинските изборни комисии, а за тие унифицирано да ги толкуваат законите и упатствата од ДИК во секоја од нив има координатор кој постојано е во контакт со членовите на општинските комисии, рече во Утрински брифинг претседателот на ДИК Александар Даштевски.

– Очекувам дека изборите ќе се одвиваат во ред, без пречки, особено сега кога МВР продолжи со печатење на личните документи со кои ќе може да се гласа на гласачките места. Увидот во избирачкиот список е завршен, а тоа го сториле 15 илјади граѓани, вели Даштевски за Утрински брифинг.

Тој очекува дека пикот на пандемијата ќе опадне до крајот на септември, како што велат здравствените експерт, но во секој случај гласањето на локалните избори ќе се одвива според протоколите за заштита од ковид: со дезинфекција, маски и држење дистанца.

Даштевски вели дека ДИК е подготвена да организира гласање и за луѓето кои ќе бидат во карантин или изолација на денот на изборите доколку се пријават за гласање еден ден порано.

-Изненаден сум од големиот број кандидати на овие локални избори. Има проценки дека ова е рекордна бројка кај нас. Главно станува збор за независни кандидати за градоначалници и независни листи. Но, штом ги собрале потписите ќе има натпревар, вели претседателот на ДИК за Утрински брифинг.

На прашањето зошто има олку мал број жени кандидатки на овие избори, Даштевски за Утрински брифинг вели дека  е изненаден оти ДИК има направено упатства за родова еднаквост.

-Но, партиите сами си ги прават своите комбинаторики. Впрочем, не знаеме од која листа колку советници ќе влезат па оттука и колку жени ќе има во новите општински совет, вели Даштевски.

Тој потенцира дека на овие избори сепак има најголем број кандидатки за градоначалнички досега.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Андоновиќ: САД се соочува со последиците на политиката на Трамп

Следно

Вардарци против Елверум ја започнуваат новата сезона во Лигата на шампионите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian