Во денешната прва епизода од третата сезона на Утрински брифинг, на тема одговорност и оставки говореше д-р Горан Јанев, професор во Институтот за социолошко политички истражувања и социјален атрополог. Темата беше оставката како чин, а по повод последната трагедија со пожарот во модуларната болница во Тетово.
-Ние немаме дефиниција што е општество, дали тоа е заедница или означува јавност? Ние немаме живототворна идеологија како држава. Се заглавивме во спорови со соседите, а не создадовме идеологија што ја врзува заедницата. Затоа се случи тотален распад на системот на вредности, вели Јанев.
-Не гледам лидер во последниве 30 години што би понудил нешто заедничко што ќе ја врзува заедницата. Бидејќи немаме чувство за заедница, отсуствува и чувство на одговорност и морал. Сѐ се гледа низ партиска призма, вели Јанев за Утрински брифинг.