Тренерот на Јанг Бојс е на седмо небо: Чувството е неверојатно по победата над Јунајтед

1 min read

Швајцарскиот шампион Јанг Бојс приреди сензација уште на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите со победата над Манчестер јунајтед од 2:1.

Очекувано, тренерот на Јанг Бојс, Давид Вагнер е пресреќен по триумфот на неговите фудбалери.
– Остваривме неколку победи сезонава, но да се совлада Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите е неверојатно. Секој фудбалер одлично си го заврши својот дел од работата, момците се надминаа себе си, а тоа е можно само со голема поддршка – изјави Вагнер.

Швајцарскиот тим до победата дојде во петтата минута од судиското продолжение/ фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DELLA VALLE

Манчестер јунајтед поведе со голот на Кристијано Роналдо во 13 минута, но швајцарскиот тим израмни во 66 минута преку Николас Моуми Нгамалеу. Триумфот на Јанг Бојс му го донесе Џордан сибачо во петтата минута од судиското продолжение по грешката на Џеси Лингард.
– Сакавме да покажеме интензитет, агресивност и страст во играта. Момците беа брилијантни и ги заслужуваат сите честитки – додаде Вагнер.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Маричиќ: Стратегијата на попишувачите е да бидат упорни до крај

Следно

ФОТО | Војвотката од Кембриџ во патики од 6.000 денари: Удобност пред сè за Кејт Мидлтон

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian