Со премиерата „Грдиот“ вечер почнува „Гола месечина“ во Аеродром

1 min read

Со премиера на комедијата „Грдиот“ од НУ „Театар Комедија“ во режија на Ирена Стеријовска вечерва во 21:00 часотво Спортскиот центар „Ново Лисиче“ почнува традиционалниот фестивал на комедијата „Гола месечина“, кој годинава ќе се одржи по осми пат.

Во претставата играат: Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски, Тони Денковски и Наталија Теодосиева.

Фестивалотшто го организираат Општина Аеродром и НУ „Театар комедија“ ќе се одржи според сите утврдени протоколи за организирање манифестации од отворен карактер, велат од општина Аеродром. 

Поради ограничениот број на седишта (200), ќе може да се влегува само со билети (бесплатни) што можат да се подигнат од пријавницата на Општина Аеродром од 9:00 до 15:00 часот на денот на секоја претстава. Едно лице може да подигне два билетаза една претстава со приложување лична карта, и тоа само доколку поседуваат сертификат за вакцинација.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

ВИДЕО | Антониа Гиговска со нова песна и спот: Пресреќна сум како изгледа сè

Следно

Барние: Без измени во имиграциската политика на ЕУ, ќе има нови Брегзити

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian