Шпанија повторно почнува преговори за решавање на кризата со отцепување на Каталонија

1 min read

Шпанскиот премиер и лидерот на Каталонија денеска се сретнаа за да ги продолжат преговорите со надеж дека ќе најдат решение за актуелната политичка криза предизвикана од сепаратистичкото движење во регионот.

Шпанскиот премиер Педро Санчез се состана со регионалниот претседател Пере Арагонес во седиштето на каталонската Влада во центарот на Барселона.

Очекувањата се мали за некаков поголем напредок од состанокот, што предизвика раскол во сепаратистичкиот табор. Арагонес и неговата републиканска левица од Каталонија ги нарекуваат преговорите „историска можност”, коментираат локалните медиуми.

Преговорите доаѓаат во време кога 7,5 милиони Каталонци се поделени во два приближно еднакви табора. Анкетите и изборните резултати во последните пет години постојано покажуваат дека половина од Каталонија сака да остане во Шпанија, додека другата половина сака да ги прекине сите врски

извор МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Словенија ни гориво не може да се наполни без тест, потврда за вакцина или прележан ковид

Следно

Пристигнаа германските експерти за истрагата на пожарот во болницата во Тетово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian